Шкембе чорба
Состојки
- 500 грама шкембе
- 2 моркови
- 3 главици кромид
- 5 чешниња лук
- 2 пиперки
- 2 топчиња фиде
- 1 лажица брашно
- 1 лажица црвен пипер
- 1 лажица сув зелнчук
Подготовка
Шкембето го вариме. 3 пати сменете вода.
Свареното шкембе исечете го на тенки ленти.
Морковот, кромидот, пиперката и лукот ситно исечкајте и додадете во варенето.
Кога се ќе се свари ставете фиде. Додека се вари фидето направете запршка од брашно и црвен пипер и истурете во манџата.
Посолете, ставете сув зеленчук и црн пипер, на крај додадете ситно исечкан магдонос.
Добар апетит!