Бомбици од јаболки и бискоти (посно)
Состојки
- 300гр вода
- 300гр шеќер
- 1 степ може од малина или вишна (црвена боја да е)
- 4 поголеми јаболки
- 400гр бискоти
- 200гр кокос
Подготовка
Јаболките ги лупиме и ги рендаме. Во тенџере ја ставаме водата да зоврие заедно со шеќерот и степот. Откако ќе почне да врие ги додаваме ренданите јаболки. За нив е доволно само малку да провријат и ги тргаме од оганот. Бискотите ги кршиме на ситни парчиња(може и на крпа и со сукало да се сокршат) и се додаваат во смесата со јаболките. Се формираат бомбици. Откако ќе ги направиме сите бомбици, ги валкаме во кокос.