Испечати

Солен куглов на мој начин

Солен куглов на мој начин

Состојки

  • 5 јајца
  • 100 гр кисело млеко
  • 100 гр зејтин
  • 17 супени лажици брашно
  • 1 пециво
  • 6 сецкан спанаќ
  • 3 обарени моркови
  • 50 гр сирење
  • 50 гр кашкавал
  • 50 гр чадена сланина
  • 30 гр чајна
  • 1 рака сецкан магдонос

Подготовка

Подготовката е сосема едноставна и не бара многу време, простор и труд.

Јајцата се матат со малку сол, потоа се додаваат останатите состојки се меша убаво и се става во претходно намачкан куглов со маргарин и посипан со сусам.
Се пече околу 30 минути на 200 степени во зависност од релната, ако е послаба и до 45 минути може да се пече. Се сервира со домат, павлака, мајонез .. по желба