Испечати

Грчки колачиња

Грчки колачиња

Состојки

  • 4 јајца
  • 4 средни филџани шеќер
  • 4 средни филџани масло
  • 1 пециво
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 1/2 лажиче цимет
  • 3 лажици мед
  • 550-600 гр брашно
  • мармалад по потреба за лепење на колачињата
  • глазура
  • 7 лажици вода
  • 3 лажици шеќер
  • 50 гр маргарин
  • 130 гр чоколадо
  • 100 гр кокос за декорација

Подготовка

Прво со миксер се матат јајцата со шеќерот, па се додаваат маслото, пецивото, содата бикарбона, циметот, мед и околу 600 гр брашно.
Сето убаво уште еднаш се измешува и со помош на 2 лажички се вадат мали топчиња во намрсен плех.
Се печат од 7-8 минути.
Ладни се лепат две по две со мармалад.
Се зема во раката едно колаче, до половина се потопува во подготвената глазура и се валка во кокос.
Напомена- мерицата, еден среден филџан содржи околу 100 гр .