Бисквитна торта со слатка павлака (без печење)
Состојки
- 500 гр бисквити
- ЗА ФИЛОТ
- 3 јајца
- 7-8 лажици шеќер
- 500 мл слатка павлака од Полимарк
- 1/2 пакетче нес кафе ( од 5 гр)
- За топење на бисквитите
- 250-300 мл топло млеко
- 1/2 пакетче нес кафе
- 2-3 лажици шеќер
- 100-150 гр сечкани ореви
- 100 гр желе-бонбони
Подготовка
1. Јајцата се матат со шеќерот, слатката павлака и половината од пакетчето нес кафе
2. Бисквитите се редат во тавче четвртасто, претходно топејќи ги во млакото млеко со малку шеќер и нес кафе
3. Се реди ред бисквити, ред фил од слатка павлака
4. Помеѓу редовите се става сечкани ореви и желе-бонбони