Испечати

Свински бел џигер

Свински бел џигер

Состојки

  • 2кг свиски бел џигер
  • 1 главица кромид
  • 1 пакетче бибер во зрна
  • 4 чешниња лук
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка мешан сув зачин
  • 2,5 литри вода
  • 2 страка праз
  • 2-3 суви пиперки
  • 1/2 китка магдонос
  • 2 листа ловоров лист
  • 100мл зејтин

Подготовка

Еве одличен рецепт за љубителите на џигер.
Сите состојки освен мешаниот сув зачин се ставаат во тенџере на тивок оган и да варат околу 3 часа.
Потоа варениот џигер се цеди од водата и ситно се сецка.
Сецканиот џигер го ставаме во тава и додаваме мешан сув заччин и зејтин и го ставаме во загреана рерна околу 10 мин на температура од 150 степени. ДОБАР АПЕТИТ!