Ќофтиња со кашкавал
Состојки
- 500 грама мелено месо
- 150 гр. кашкавал
- 2 јајца
- 3 кришки леб
- 2 главици кромид
- 3 чешни лук
- 1 лажица сув зачин
- малку сол и пипер
Подготовка
Во меленото месо рендаме лук и кромид.
Лебот го ставаме во вода да се натопи убаво.
Кашкавалот го сечеме на коцки.
Лебот убаво го цедиме од водата и го додаваме во меленото месо.
Јајцата ги кршиме и ставиме во меленото месо, додаваме сув зачин, посолуваме, нанесуваме црн пипер, убаво промешуваме.
Смесата ја расплескуваме на даска, во средина ставиме 1 коцка кашкавал и формираме ќофте.
Ќофтињата ги пржиме во врел зејтин.
Редиме во чинија и украсуваме со патлиџани чери.