Испечати

Шарено задоволство со лимон

Шарено задоволство со лимон

Состојки

  • Бисквит
  • 6 јајца
  • 250 гр шеќер
  • 200 мл масло
  • 200 мл млеко
  • 2 пакувања прашак за пециво
  • 300 гр брашно
  • 2 лажици какао
  • Крем
  • 1 л млеко
  • 7 лажици брашно
  • 1 лажица густин
  • 250 гр шеќер
  • 2 лажици гриз
  • 2 ванили
  • 1,5 маргарин
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 1 лимон

Подготовка

Бисквит
Одвојте ги белките од жолчките и прво изматете ги белките во цвст снег. Посебно се матат жолчките со шеќерот. Потоа во смесата со жолчките се додаваат маслото, млекото, 2 пакувања прашак за пециво и брашното. Ова убаво се мати, па се додаваат изматените белки.
Смесата се дели на 2 дела.
Во првиот дел се додава 2 лажици какао, а другиот дел останува бел.
Се печат посебно 2 кори на 180 степени и откако ќе се изладат се делат на 4 кори. Кај мене белиот пандишпан излезе малку потанок, па не го поделив.

Крем
Се вари 1 л млеко со разматеното брашно и густинот, шеќерот, ванилите и гризот. Откако ќе се излади се додава 1 цел и уште пола маргарин се мати и смесата се дели на 2 дела. Во едниот дел се додава истопена чоколада, а во другиот сок од 1 исцеден лимон.

Филување
Се филова на овој начин - прво оди црн пандишпан - бел крем - бела кора - темен крем - црн пандишпан - бел крем - бел пандишпан - црн крем. Се украсува со шлаг крем од Полимарк.