Испечати

Брз вкусен ручек

Брз вкусен ручек

Состојки

  • 1кг пилешки прсти
  • 1мл неутрална павлака Полимарк
  • 500гр компир
  • 200гр морков
  • 300гр печурки
  • 3 главици кромид
  • 300гр пушена кременадла
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка магданос
  • 1/2 лажичка кари, мешан зачин и сол по желба
  • 1/2 филџанче зејтин

Подготовка

Брз и едноставен ручек идеален за домаќинки кои се во трка со времето.

Подготовка
Месото заедно со морковите, компирите и кромидот кои предходно сме ги излупиле ги ставаме во тенџере и ги вариме половина час. Откако ги сваривме ситно ги сечеме, месото и компирот ги ставаме во тава за печење додека кромидот и морковот ситно исечен го пржиме со малку зејтин.
Во тавата со морковот и кромидот ја пропржуваме и пушената кременадла со печурките тука ги додаваме зачините.
Добро пропржуваме и на крајот ја сипуваме неутралната павлака на Полимарк добро мешаме и целата смеса ја сипуваме во тавата за печење повторно мешаме и ја ставаме во релна на 220степени половина час.
Доколку сакате може да изрендате кашкавал на крајот на печењето.
Добар апетит!!