Испечати

Карфиол и брокула во бел сос

Карфиол и брокула во бел сос

Состојки

  • 200гр брокула
  • 200гр карфиол
  • 1 кисела павлака
  • 2 лажици брашно
  • 100 мл млеко

Подготовка

Претхотно обарените карфиол и брокула ги ставаме во намрсен огноотпорен сад.
Во загреано тенџерче го ставаме маслото и го запржуваме брашното го додаваме млекото и мешаме постојано за да не останат грутчиња.
На крај ја додаваме киселата павлака и мешаме.
Додаваме зачини по желба. Со готовиот сос ги преливаме брокулата и карфиолот и ги ставаме во рерна на 200 степени околу 20 мин додека да заруменат.