Испечати

Сирники - украински слатки ќофтиња со урда

Сирники - украински слатки ќофтиња со урда

Состојки

  • 500 грама несолена урда
  • 2 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр брашно
  • 1 лажица маргарин
  • 2 лажици павлака

Подготовка

Добар ден на сите.
Денеска сакам да споделам рецепт од Украина.
Сите состојки размешајте ги убаво.
Со натопени раце формирајте ќофтиња и макајте ги во брашно.
Направените ќофтиња пржете ги во врел зејтин до златна боја.
Наредете ги на чинија и ставајте павлака.
Многу се убави со шолја млеко.
Пробајте!!!!