Мафини со малини
Состојки
- 150 гр малини
- 150 гр брашно
- 1 лажиче пециво
- 100 гр жолт шеќер
- 200 мл млеко
- 1 јајце
- 4 лажици масло
- 1 лажиче цимет
Подготовка
Едноставно брзо убаво колаче.
Заматете во вангличе, брашно, прашок за пециво, солта, па додадете јајце, млеко, масло и цимет. Промешајте со миксер на 2 минути, па додајте ги малините.
Калапите за мафини обложете ги со хартиени кошнички.
Полнете ги и веднаш печете. Проверувајте со чепкалка дали е готово. Посипете шеќер во прав врз нив.
Сервирајте или веднаш јадете.