Испечати

Крокети со кисело млеко

Крокети со кисело млеко

Состојки

  • 500гр варен компир
  • 150гр брашно
  • 1/2 прашок за пециво
  • 2 лажици кисело млеко
  • 2 јајца
  • 100гр козјо сирење
  • 100гр кашкавал
  • 1/2 лажичка сол и свеж магдонос
  • 1/2 филџан зејтин
  • 50гр презла
  • 50гр сусам

Подготовка

Варениот компир го пасираме и во него ги додаваме јајцата, киселото млеко, солта, пецивото, сирењето, кашкавалот, брашното и сецканиот свеж магданос.
Замесуваме меко тесто помалку е лепливо што ни е во прилог полесно се лепат мешаниот сусам и презла. Од тестото формираме крокети кои ги валкаме во сусам и презла.
Готовите крокети не ги пржам во длабок зејтин туку во делимано тава за пржење со половина филџан зејтин.
Послужувате со мајонез и млад кромид....или по желба..
Добар апетит!!