Видео рецепт: Посен колач со моркови и чоколадо
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба:
- 500 гр. моркови
- 300 гр. шеќер
- 100 мл. масло
- 1 рака непечени лешници
- 50 гр. суво грозје
- 2 шолји (240 грама) брашно
- 2 пакетчиња прашок за печиво
- кора од 1 лимон
- За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
- 100 гр. чоколадо
- 3 лажици шеќер
- 3 лажица маргарин
- Ќе ви треба и:
- сок од 2 портокали
- цимет за сервирање
Фичо ќе прави вкусен колач со моркови и сок од портокал, прелиен со црно чоколадо. Згора на сè, уште и посен!
Подготовка
Чекор 1: Рендате половина килограм моркови. Ги ставате морковите во сад за матење, потоа им додавате шеќер и масло за јадење.
Иситнете една рака лешници и додадете ги во смесата. Додадете и 50гр суво грозје. Потоа ставете 2 шолји брашно, прашокот за пециво и рендана кора од лимон.
Месете додека не добиете смеса како тесто.
Чекор 2: Ставете ја смесата во округлата тава, израмнете ја и печете 20 минути на 200 степени, па уште 20 минути на 150 степени.
Откако ќе се испече попрскајте го колачот со сок од 2 портокали и оставете да се излади на собна температура.
Чекор 3: Во меѓувреме во садот за сос ставете да се растопи чоколадото за готвење, заедно со 3 лажици шеќер, 3 лажица маргарин и 6 лажици вода. Оставете ја смесата да зоврие. Откако ќе се подолади, прелејте го колачот и оставете го да се стврдне.
Чекор 4: Сервирајте го колачот со декорација од кругови портокал .
СОВЕТ: Најважен дел од подготовката на овој колач е начинот на печење. Затоа, придржувајте се до времето и температурата, како што тоа го прави Фичо!