Испечати

Торта Нугатина

Торта Нугатина

Состојки

  • Прва кора
  • 5 белки
  • 10 лажици шеќер
  • 150 гр кокос
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 пециво
  • Втора кора
  • 5 белки
  • 10 лажици шеќер
  • 150 гр мелени ореви
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 пециво
  • Прв фил
  • 200 гр нутела или некој друг крем
  • Втор фил
  • 10 жолчки
  • 200 гр шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • 3 лажици густин
  • 500 мл + 200 мл млеко
  • 250 гр путер на собна температура
  • 150 гр мелени бисквити
  • Трет фил
  • 200 гр шлаг крем
  • 4-5 лажици нутела крем
  • 3 лажици шеќер во прав
  • бадеми во листови и чоколадни топчиња за урасување

Подготовка

Оваа богата торта е препорака од мене за трпезите што ќе си ги спремаме за Велигденот што ни е во пресрет. Кремаста, слатка ама сепак не толку блага, едноставно изобилие и богатство на вкусови.

1. Ги матиме белките со шеќер, во цврст снег, па постепено ги додаваме останатите состојки, мешајќи внимателно со лажица. Печеме на хартија за печење во тавче бр. 28, во загреана рерна, на 180 степени, некои 15 минути.
2. Втората кора ја правиме на ист начин како и првата.
3. За вториот фил ставаме 500 мл млеко на оган да почне да врие. Жолчките (десет) ги мешаме со пудингот, густинот, шеќерот и 200 мл млеко, па кога ќе почне да врие млекото, ги истураме во него и мешаме на средна температура до хомогена смеса. Кремот го оставаме да се лади.
4. Путерот пенасто го матиме со миксер. Откако кремот со жолчки добро ќе се излади, го мешаме со путерот и ги додаваме мелените бисквити. Оставете го филот во фрижидер.
5. За третиот фил, го матиме шлаг кремот. Потоа со лажица додаваме нутела крем која е на собна температура и внимателно мешаме до соединување

Филување
На првата кора мачкаме нутела 200 гр, па го ставаме вториот фил со жолчките. Па потоа ја ставаме црната кора, па филот со шлаг кремот врз целата торта. Украсуваме.

Забелешка
Врз црната кора ставив малку и од жолтиот фил, а со него и странично ја поминав тортата.