Испечати

Роденденска торта

Роденденска торта

Состојки

  • 27 лажици шеќер
  • 13 јајца
  • 5 лажици презла
  • 400 гр мелен орев
  • 200 гр лешник крупно сецкан
  • 4 лажици брашно
  • 350 гр путер
  • 400 гр чоколадо
  • 750 мл млеко
  • 1 пудинг со вкус на ванила
  • 2 шлаг пена
  • 300 мл слатка павлака
  • 20 сребрени бонбончиња
  • 2 лажички какао
  • 1 пудинг со вкус на лешник

Подготовка

Прво тесто
Се матат 4 јајца, 4 лажици шеќер, 3 лажици мелен орев, 2 лажици презла, 1 лажица брашно. Се печи во тавче бр.28

Второ тесто
Се матат 5 белки со 5 лажици шеќер, се додавват 5 лажици сецкан орев, една лажица брашно, 100 гр сецкано чоколадо. Се печи во тавче бр.28

Трето тесто
Се матат 4 јајца со 4 лажици шеќер, 2 лажици брашно, 3 лажици презла, две лажици какао. Се печи во тавче бр.28

Фил 1
Над пареа се матат 5 жолчки со 5 лажици шеќер, се ладат и се додава 125 гр изматен маргарин. На оваа смеса се додава и еден пудинг од ванила сварен со 300 мл млеко и 3 лажици шеќер. Убаво се соединува и се додаваат 3 лажици мелен орев.

Фил 2
Во тенџере на оган се став 150 мл млеко и 100 гр шеќер да проврие. Се трга на страна и се додава 200 гр мелен орев и 100 гр изматен путер, 50 гр чоколадо.
Фил 3
Во 300 мл млеко се вари еден пудинг од лешник со 3 лажици шеќер до згуснување. Се лади и му се додава 125 гр изматен маргарин и 250 гр растопено црно чоколадо. Му се додаваат 200 гр крупно сецкан лешник.

Се мати шлагот и танко се премачкуваат со шлаг првото и третото тесто.
Се филува бело тесто, црн фил, па втора кора, фтор фил, црно тесто, жолт фил.
Се остава во фрижидер 2 часа а потоа се украсува со изматена слатка павлака и сребрени
бонбони и малку мелен лешник.

Оваа торта ја правев пред 2 години за роденденот на сопругот, ја крстив роденденска торта полна со љубов, ама ај си реков многу детски да не е, па носи име само роденденска торта.
Богата вкусна торта.