Испечати

Бомбици со слатка павлака

Бомбици со слатка павлака

Состојки

  • 100 гр чоколадо
  • 1 лажица путер
  • 3-4 лажици слатка павлака
  • 100 гр мелени бисквити
  • 100 гр мелен потпечен лешник
  • 50 гр крупно сецкан потпечен лешник
  • глазура
  • 100 гр црно чоколадо со 70% какао маса
  • 2-3 лажици слатка павлака
  • 30 гр мелен лешник

Подготовка

Прво во сад на шпорет се ставаат чоколадото, путерот и слатката павлака да се изедначат. Не смеат да провријаат.
Се тргаат од оган па се додаваат бисквитите и лешниците.
Убаво се соединуваат. Се остава да се стегни смесата.
Потоа се формираат бомбици.
Над пареа се растопуваат чоколадото и павлаката да се соединат.
Потоа секоја бомбица се потопува во глазурата, се реди на хартија да се просуши и се декорира со крупно сецкан лешник.