Десерт со јаготки и шлаг
Состојки
- 1/2 кг јаготки
- 200 гр бело чоколадо
- 200 гр слатка павлака од Полимарк
- 4 чоколадни кекси
- малку рум
- 2 лажици шеќер во прав
- 100 мл слатка павлака
Подготовка
Многу брзо и едноставно се подготвува.
Најпрво на пареа чоколадото и павлаката загрејте ги додека не се стопи чоколадото и сето се соедини.
Десетина јаготки исечкајте и промешајте ги со шеќерот во прав и румот. Ставете ги на дното од чашите во кои ќе го сервирате десертот.
Одозгора ставете по една лажица од чоколадото и павлаката.
Преку тоа ставете по еден чоколаден кекс, претходно искршен.
Одозгора дополнете со кремот а одоколу украсете со ливчиња од јаготки.
Стоте мл павлака избијте ги во шлаг и декорирајте одозгора со шприц.
На крајот, сето украсете го по желба.
Пред сервирање добро изладете го десертот.