Посни чоколадни обланди
Состојки
- обланди
- 400 гр. мелени бисквити
- 250 гр. мелени ореви
- 250 гр. маргарин
- 2 чаши вода
- 3 чаши шеќер
- 1 лажичка цимет
- 3 лажици какао
- Чоколаден прелив
- 150гр. чоколада
- 1 лажица какао
- 1 лажица маргарин или масло
Подготовка
Во еден сад ги ставаме водата, маргаринот и шеќерот да зовриат.
Потоа садот ќе го тргнеме настрана и ги додаваме бисквитите, оревите, циметот и какаото убаво се меша со дрвена лажица и додека е топло се филуваат корите од кај крупната страна на обландите.
Се прави чоколадниот прелив.
Јас овој прелив го правам на пареа, се истура врз корите по желба се сечат и декорират по ваш избор.