Марципан колачи
Состојки
- 200гр. марципан-купечки
- 100гр. шеќер во прав
- 200гр. печени бадеми
- 200гр. црно чоколадо
Подготовка
Марципанот убаво се меси со шеќерот во прав се додека не се добие убава смеса.
Земаме од смесата по малку колку да формираме бомбица и убаво ја притискаме на средина за да добиеме вдлабнатина.
Така правиме со цела смеса и потоа ги чоколадираме и на крај во секоја длабнатина ставаме по еден бланширан бадем.