Испечати

Декоративно зеленчуково јајце

Декоративно зеленчуково јајце

Состојки

  • 4 празни јајца
  • 1 паковка желатин (се раствара во 100 мл вода )
  • Полнеж
  • 1 лажица грашок
  • 2 лажици пченка
  • 1 црвена пиперка
  • 1 морков
  • 1 лист магдонос

Подготовка

Се ближат велигденските празници и секој од нас сака да има прекрасна трпеза. Секоја година да е повесело и повозбудливо.
Приготвувме убави и богати трпези, а како дел од нив јас го вметнав и ова мое декоративно јајце.
За подготовка на истото е потребно да имате неколку празни јајца и смесата со која ќе ги полните.
Празните јајца ги редите во книжна табличка од јајца или како мене во ракиени чашки. Ги полните со смесата која ја наведов горе.
На страна во 100 мл вода го растварате желатинот и кога ќе го доведете до фаза на вриење, постепено полевате во секое јајце и го полните до горе. Оставате на ладно да се стврднат. Јас ги ставив во фрижидер и другиот ден пополека ги лупев. Внимателно отстранувајте ја лушпата да не го одлушкате желатинот.
Служете ги како додаток на јајца салата и останати мајонезни салати.