Хумус со таан
Состојки
- 300 гр варени леблебии
- 100 мл маслиново масло
- 3 чешниња лук
- 4 лажици сок од лимон
- 3 лажици таан (од интегрален сусам)
- сол по вкус
- бибер по вкус
Подготовка
Сите состојки ставете ги во блендер и добро измиксајте ги.
Треба да добиете смеса слична на паштета.
Можете да ја служите засебно, како салата, а можете и да ја намачкате на лепче (идеално е ако е препечено). Исто така одлично одговара и со тортиљи, премачкани и со свежа салата по избор. Комплетен ручек...