Испечати

Полнети суви пиперки со соја (посно)

Полнети суви пиперки со соја (посно)

Состојки

  • 1 мал кромид (може и праз ако сакате)
  • 1 шолја соја трошки (шолјата е од 120 мл)
  • 1 и пол шолја ориз
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 6 суви пиперки
  • околу 700 мл вода
  • зачини (сол, бибер, мешан сув зеленчук)

Подготовка

Посен, вкусен ручек кој прекрасно мириса и е готов за 1 час.

1. Најпрво соја трошките ги ставаме во еден сад и ги налеваме со 1 и пол шолја топла вода да набабрат. Откако ќе ја впијат водата убаво ги цедиме.
2. Кромидот ситно го сечкаме и го пржиме во тепсијата (истата која потоа ќе ја ставиме во рерна) . Потоа ја додаваме сојата, оризот, зачинуваме и убаво пропржуваме.
3. Пиперките прво ги чистиме од семките, а потоа ги миеме. Ги полниме со смесата и ги распоредуваме во тепсијата, а од околу оставаме да има од филот. Ако сакате можете да наполните и повеќе пиперки кај мене беа 6 (слика).
Налеваме вода колку да се покрие смесата (слика) од горе ставаме алуминиумска фолија и печеме во загреана рерна на 200 степени околу 30 мин со фолија и уште 10 без фолија за да фатат убава боја.

Кога ќе се готови цела кујна мириса на суви пиперки мх мх мх. Послужете ги со зелена салата или салата по ваш избор. Сега марулата е актуелна и со секој ручек ми се чини е обавезна.
На здравје!