Посни солени кикирики бомбички
Состојки
- 400 гр. брашно
- 250 гр. маргарин
- 150 гр. мелени кикиритки
- 5 лажици пиво
- 100 гр. сусам
- на вкус сол
Подготовка
Брзо се прават - брзо се јадат.
Припрема
- Сусамот најпрво малку пропечете го.
- Во сад ставете брашното, измешајте пецивото и солта, кикиритките, додадете исечениот маргарин, пивото, осолете на вкус - замесете тесто.
- Правете топчиња во тежина од прилика 20 гр. или големина на орев, увалкајте ги во сусамот- ставете да се печат на 180 степени околу 15-20 мин. (Зависи од вашата рерна).
Толку... останува да се сладите, убави, вкусни, а доколку ви останат за наредниот ден- уште поубави, ровити.. .
Забелешка
- Ако ви е полесно - можете прво да го изматите маргаринот, а потоа во него да ги додадете останатите состојки. Јас секогаш месам онака како што напишав, без матење.
Од оваа количина на тесто излегуваат околу 40-42 парчиња доколку ја имаат горенаведената тежина.
Не е задолжително, но можете да си ги направите поинтересни ако им ставите и по една цела нелупена кикиритка.