Царски урми
Состојки
- полнење од марципан
- 100 гр марципан
- пола лажица рендана кора од портокал
- смеса од ореви
- 150 гр мелени ореви
- 150 гр мелени бисквити
- 75 мл сок од портокал
- 3 лаж мармалад од кајсии
- 150 гр чоколада за глазура
- 200 гр урми
Подготовка
Рецептот ми е запишан од некој кулинарски сајт, ама конечно сега му дојде редот за правење.
Урмите се засекуваат и се полнат со смеса од марципан, се затварат и се остават на страна.
За смесата од ореви се замесуваат сите состојки заедно. Секоја урма се обложува со смеса од ореви и се формира форма како ќебапче. Направените урми се прелеват со глазура од чоколада и се декорираат по желба.