Пилешки плескавици
Состојки
- 1 кг. саламурен пилешки стек
- 3 главици кромид
- 1 главица лук
- 1 китка магдонос
- 1 јајце
- сол, бибер, буковец и оригано
- За премачкувње
- 3 јајца
- 200 гр. лебни трошки
Подготовка
Месото се сече на ситни парчиња, се додаваат кромидот, лукот и магдоносот кој претходно се сецкат во сецко апарат.
Се додава јајцето и зачините и така се заедно се меси убаво со рака и се остава да стои во ладилник 1 час. Потоа се прават плескавиците и се премачкуваат со јајцата и се валат во лебните трошки се пржат на умерена температура.