Зелен ролат со фил од павлака и варени јајца
Состојки
- тесто
- 4 јајца
- 1/2 лажиче сол
- 150 мл јогурт
- 5 лажици брашно
- 1 пециво
- 400 гр исчистен бланширан спанаќ
- за фил
- 200 гр кисела павлака
- 1/4 лажиче сенф
- 180 гр сецкана шунка
- 4 варени и сецкани белки
- 2 лажички путер
- 4 рендани варени жолчки
- 100 гр кисела павлака
- 60 гр рендан кашкавал
Подготовка
За тестото се матат јајцата, со солта, се додаваат јогурт, пециво, брашно, спанаќот.
Се истура во плех обложен со хартија и се печи.
Испеченото тесто се витка во влажна крпа.
На страна се соединуваат белките, шунката, путерот, павлаката и сенфот.
Се отвора тестото од крпата, се премачкува со филот и врз него на ситно се рендаат жолчките од варените јајца.
Убаво се стега и се завиткува ролат. Се витка во фолија и се чува во фрижидер 2 часа.
Се премачкува со павлака, се наросува со рендан кашкавал и се сечи на парчиња.
Се сервира.л