Испечати

Мрзлива брза погача

Мрзлива брза погача

Состојки

  • 4 јајца
  • 1/2 лажиче сол
  • 200 мл масло (2 шољи за кафе-средни)
  • 500 мл јогурт (5 шољи за кафе- средни)
  • 3 шољи бело брашно
  • 5 шољи пченкарно брашно
  • 1 пециво
  • 100 гр рендано сирење
  • 100 гр кајмак
  • 1 сецкан морков
  • 1 страк сецкан праз (или 200 гр бланширан спанаќ)

Подготовка

Прво се матат јајцата со солта, па постепено се додаваат течните состојки, па сувите состојки.
Убаво сето се промешува и смесата се истура во намрсен и со брашно посолен плех.
По желба наросете ја со сусам.
Се печи додека не зарумени околу 40 минути.
Се користи една иста шоља како мерка за се.