Испечати

Багелс пециво (посно)

Багелс пециво (посно)

Состојки

  • 25 гр квасец
  • 280 мл топла вода
  • 1 лајче шеќер
  • 1 лајче сол
  • 3 лажици посен маргарин или (масло)
  • 500 гр брашно
  • 1,500мл вода
  • 4 лајчиња сол
  • 2 кесички сода бикарбона

Подготовка

Од сите состојки се замесува глатко тесто. Потоа пак се размесува и се прават 15 топчиња. Се оставаат да нараснат.
Настрана во тенџере се става 1.500мл вода, 4 лажички сол и сода бикарбона. Во зовриената вода се ставаат по 4 топчиња да се варат 30сек.
Кога сите ќе се сварат се ставаат на плех обложен со хартија се засекуваат со остар жилет или со остро ноже и се наросува крупна сол, лен, сусам....по ваша желба.
Се печат во загреана релна 220С-20мин. Кога ќе се испечат НЕ се покриваат туку се оставаат на отворено да оладат. Наздравје!