Сладок тунел
Состојки
- 1 белка
- 80 гр шеќер во прав
- 100 гр црно чоколадо
- 50 гр путер
- 1-2 лажички рум или млеко
- 200 гр мелен орев
- 100 гр мелени бисквити
- 200 гр декоративно желе
Подготовка
Прво над пареа се растопуваат путерот и чоколадото.
се додаваат 2 лажички рум или 2 лажички млеко(по ваш вкус)
Потоа се мати белката се додава шеќерот, растопените чоколадо и путер, оревите и бисквитите.
Убаво се измесува со раката да се соедини.
Сега на желето со помош на модличка му се прави форма на полумесечина.
Потоа се зема полукружен калап за колачи.
Се зема половина од смесата и внимателно се обложува калапчето.
Јас со помош на дрвениот дел од шприцот за тулумби, успеав убаво да ја изедначам смесата од сите страни.
Сега земете го желето и ставајте го превртено.
Останатата смеса нанесете ја во калапот и убаво притиснете со рака да се изедначи и навлезе сегде.
Се остава ролатот да се стегни.
Се превртува на даска за сечење, по желба се премачкува со растопено чоколадо и се сечи на парчиња.
Декоративно и вкусно.