Брзи пирошки со паштета
Состојки
- 400гр. брашно
- 250мл. пола вода,пола млеко
- 2 жолчки
- 1 квасец
- 2 белки од јајце, лебни трошки
Подготовка
1. Се замесува тесто кое не лепи и не стасува.
2. Се сука кора која се премачкува со паштета и се сече на ленти, па потоа на коцки.
3. Во секоја коцка се става парче шунка и парче кашкавал и се мотаат во ролна во големина колку прст.
4. Се валкаат во белка од јајце, па во лебни трошки и се пржат во врело масло.