Испечати

Бели чоколадца

Бели чоколадца

Состојки

  • 400гр. мелени ореви
  • 200мл. врело млеко
  • 2 ванилин шеќер
  • 5 лажици бел еурокрем
  • 100гр. мелени бисквити
  • 150гр. бело чоколадо
  • 5 лажици масло

Подготовка

Силиконските калапи прво ги прамачкуваме со топено чоколадо (чоколадото го топиме со маслото).
Намачкани ги ставаме во замрзнувач 15 мин.и потоа ги вадиме од фрижидер и пак ги премачкуваме и уште еднаш ги ставаме во фрижидерот.
Оревите ги мешаме со ванилите, бисквитите и ги попарваме со врелото млеко. Го додаваме и еурокремот и се убаво мешаме. Ги полниме калапите со филот и потоа ги премачкуваме со еден слој чоколадо.
По желба можете да додадете во филот и рендана кора од портокал.