Лешник бомбици
Состојки
- 1 белка
- 100 гр шеќер
- 1-2 лажици нутела или друг крем
- 100 гр црно чоколадо со 70% какао маса
- 200 гр мелени потпечени лешници
- 70 гр мелени бисквити
- за валкање
- 150 гр растопено црно чоколадо
- 100 гр чоколадни трошки
- 15-20 зрна лешник
Подготовка
Прво се мати белката, се додаваат шеќерот, кремот, лешник, чоколадо и бисквитите.
Со рака убаво се изработува се формираат бомбици, се валкаат во трошки, растопено чоколадо, се украсуваат со лешник и се редат во хартиени корпи.
Многу едноставни, а вкусни колачи