Испечати

Малинасти ролат

Малинасти ролат

Состојки

  • кора
  • 5 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 1 пециво
  • фил
  • 300гр малини
  • 100мл вода
  • 150гр шеќер
  • 4 лажици нишесте
  • 1 кесичка шлаг пена
  • 150мл кисела павлака

Подготовка

Јајцата се матат со шеќерот додека запенат и потоа се додава брашното и пецивото. Се пече кора во поголем плех на хартија. Се пече 12-15 минути на 180 степени. Уште топла кората се витка во ролат со помош на хартијата од плехот и се остава така да се олади.

Малините заедно со водата се ставаат на оган. Кон зовриените малини се додава и шеќерот да се растопи.
Нишестето се раствара во павлаката и се додава кон малините и се вари густ крем.
Кон оладениот крем се додава шлагот изматен по упатството на кесичката и се добива убав кремаст фил со кој се премачкува ролатот. Така премачкан се рола и се прелива по желба. Кај мене тоа беше шлаг пена со малку сок од малините и бела чоколада.
Вкусен освежителен ролат со прекрасен мирис и вкус.