Пилешки прсти во семиња
Состојки
- 500гр пилешки стек
- 1 јајце
- 150гр презла
- 4-5лажици сончоглед
- 4 лажици мелено ленено семе
- 1 лажица сенф
- 2 лажици кисела павлака
Подготовка
Стекот се сече на парчиња по желба.
Презлата се меша со ленот и сончогледот.
Јајцето се разматува со павлаката и сенфот. Секое парче од стекот се валка низ семињата, па во јајцето и пак во семињата и се пржи.
Вака подготвен стекот е одличен и одкако ќе се олади за мезе.