Испечати

Баклава со вишни и кисело млеко

Баклава со вишни и кисело млеко

Состојки

  • 500 гр готови кори за баклава
  • 150-200 ГР вишни без семки исцедени од сокот
  • ФИЛ
  • 4 јајца
  • 250 гр шеќер
  • 200 мл масло за јадење
  • 500 мл кисело млеко, а може да се замени со 200 мл павлака
  • 4-5 лажици гриз
  • 1 прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр сечкани ореви (по желба може и да се промени количината на оревите)
  • ШЕРБЕТ
  • 250 мл вода
  • 750 гр шеќер

Подготовка

 
1. Јајцата со шеќерот се матат со жица за матење
2. Во нив се додаваат сите останати состојки, без вишните и сечканите ореви
3. Во подмачкана тава со масло за јадење, се редат корите една по една и се премачкуваат со филот и со четкичка се размачува филот низ целата површина на кората
4. На секоја трета кора се попрскува со сечкани ореви
5. Кога ќе се потрошат половината од корите, се ставаат и вишните и пак се продолжува со редење на корите и нивно премачкување со филот, а на секоја трета се попрскува сечкани ореви
6. Последните 2 кори не се премачкуваат со фил туку само се попрскуваат со малку масло за јадење
7. Пред да се пече баклавата се сече на коцки или на ромбоиди ( по желба)
8. Се пече во загреана рерна на 200 С околу 20 мин.
9. Откако ќе се испече, повторно се сече со нож онаму каде што се прилепиле парчињата при печењето
10. Се натопува изладената баклава со ладен шербет

ПОДГОТОВКА НА ШЕРБЕТОТ
1. Водата и шеќерот зовриваат и на крај се додава исцедениот шербет од вишните
2. Се остава да поврие околу 5 мин, се исклучува и се остава да излади пред да се полие баклавата

.........Пријатен апетит !!!