Торта од американски палачинки
Состојки
- Американски палачинки:
- 3 јајца
- 6 лажици шеќер
- 750 мл. млеко или јогурт
- 3 чаши од 250. мл. брашно
- 1 мала лажичка пециво
- 1 мала лажичка ванилин екстракт
- ½ мало лажиче сол
- 4 лажици стопен путер
- Фил
- 200 мл. слатка павлака
- 200 гр. мелени бисквити+ прав шеќер по вкус
- Кокос за украсување или сечкани ореви
Подготовка
За американските палачинки, во сад соединете ги сувите состојки во друг течните и убаво соединете едно во друго.
Во намрсена загреана тава за палачинки пржете по една голема кутлачка од смесата.
Кога од горната страна ќе се појават меурчиња завртете од другата страна да се испржи. На ист начин подгответе ја останата смеса. Мене од оваа смеса ми излегоа 8 палачинки од оклу 20 см. дијаметар.
Оставете ги да се изладат.
За филот,изматете ја слатката павлака до потребната цврстина, додадете ја претходно стопената чоколада на пареа или тивок оган, додадете ги и бисквитите и соединете.
Ставете една палачинка на чинија и филувајте,така подгответе ги и останатите.
Може да употребите два фила.
Премачкајте ја убаво со фил целата торта и обложете ја со кокос или сечкани ореви. Оставете ја во фрижидер најмалку 30 мин. Сечете парчиња и послужете по желба.