Палачинки со мед и ореви
Состојки
- 300гр. брашно
- 1-2 јајца
- 150мл. млако млеко
- 5 лажици мед
- 150гр. сецкани ореви
- 2 лажици масло
Подготовка
Од брашното, млекото, маслото, јајцата( можи и 1 јајце) правиме смеса за палачинки.
Убаво ја мешаме за да нема грутчиња и ги пржиме палачинките на претходно убаво загреано и намрсено тавче за палчинки. Ги филуваме со мед и ореви.
Мојата мајка секога кога сакаше да се заслади со благи палачинки,ги правеше токму овие,едноставни а многу вкусни.