Солени палачинки
Состојки
- 350гр. брашно
- 1 јајце
- 200мл. газирана вода
- 2 лажици масло
- 200гр. шунка
- 200гр. кашкавал
- 100мл. доматно пире
- 2 лажици оригано
Подготовка
Од брашното, јајцето, маслото и водата се прават палачинките.
Се прават во претходно загреано и намрсено тавче запалачинки. Кога ќе ги направите палачинките се филоваат со доматното пире, ориганото и кашкавалот и саламата.
Како прилог со палачинките додадете малку павлака со оригано.
За поубав вкус кога ќе ги исфиловате палачинките ставете ги кратко во микробранова за да се стопи кашкавалот.