Потпечени палачинки
Состојки
- 500гр. брашно
- 300гр. сирење
- 50мл. масло
- 300мл. млака вода
Подготовка
Од брашното и водата и маслото правиме смеса за палачинки. Ги правиме палачинките на загреано тавче за палачинки и потоа ги редиме во намрсено тавче.
Еден ред палачинки ,масло и сирење и така правиме дури да се потрошат сите палачинки. Потоа ги сечиме и ги потпекуваме на 180 степени околку 20 мин.
Еден многу едноставен рецепт, но многу вкусен кој ми буди спомени од детството.