Американски палачинки со сланина и кашкавал
Состојки
- Американски палачинки
- 2 чаши од 250 мл. брашно
- 500 мл. млеко или газирана вода
- 2 јајца
- Додатоци
- по потреба кисела павлака
- по потреба мајонез
- по потреба кашкавал
- по потреба сланина
Подготовка
За палачинките, во сад измешајте ги сите состојки и соединете ги со жица за матење. Пржете ги во загреана тава за палачинки и намрсена. Кога се готови тргнете ги. На крајот на тавата запржете ги малку парчињата сланина и кашкавалот(малку да омекне).
Потоа на чинија ставете една палачинка, намачкајте ја со кисела павлака, ставете сланина, друго парче палачинка, кашкавал, мајонез и уште една палачинка.
И послужете.
На ист начин направете ги останатите.