Кадаиф прелиен со путер и цимет
Состојки
- 200 гр кадаиф
- 100 гр ореви
- 100гр. бадеми
- 150гр путер
- 2 ванили
- 1 кесиче (10гр) цимет
- 800гр шеќер
- 800гр вода
- 100мл кисела вода
- 1 лимон
Подготовка
Прочка не може да се замисли без кадаиф. За кадаиф во странство, ќе се помачиме секогаш и што ќе најдеме, прашање е, печен, непечен, препечен.
Овој беше потпечен малку, па си направив да биде по мое. Мерките може да си ги прилагодите.
За филот, оревите и бадемите, толчени, помешајте ги со циметот. Ролатачињата направете ги со намокрени раце со кисела вода, моделиријате го кадаифот и внатре ставете од филот, а за средишниот дел, едноставно ставете од филот одоздола и одозгора. Но, потпечете ги одделно, во тавчиња намачкани со путер и прелиени со путер, ролатчињата малку подолго, а правоаголниот дел сосема кратко, посебно ако сте купиле потпечен кадаиф каков што најдов јас. Потоа префрлете ги во тавче да бидат заедно, правејќи некоја декорација, јас го користев циметот. На крај, шербетот, не многу густ, но и тоа е по желба. Брзо, лесно, декоративно, вкусно !