Испечати

Мафини со вишни и чоколадо

Мафини со вишни и чоколадо

Состојки

  • 3 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 12 лажици масло
  • 12 лажици брашно
  • 8 лажици млеко
  • 1 пециво
  • 250 гр исчистени вишни
  • 80 гр чоколадо искршено на коцки
  • 12 хартиени корпи

Подготовка

Прво се матат јајцата со шеќерот, па се додаваат маслото, млекото, пецивото и брашното.
Убаво се меша и од смесата се тура во калапи за мафини
На секое калапче се става по една коцка чоколадо
Потоа одозгора се ставаат по 6-7 вишни.
Се печи, се ставаат на решетка да се изладат, се попрскуваат со шеќер во прав и се служат.