Пирошки од палачинки
Состојки
- 10 испржени палачинки
- 2 јајца
- 150 гр презла
- 100 гр брашно
- 1/2 лажиче сол
- фил за полнење
- 150 гр сецкана шунка
- 150 гр сецкан кашкавал
- 150 гр маринирани сецкани шампињони
- 80 мл кечап
- 1 лажиче оригано
- 350 мл масло за пржење
Подготовка
За филот во една здела се соединуваат сите состојки.
Се зема една палачинка, во средината се нанесуваат по 2 лажички фил, се завиткуваат краевите навнатре и се витка како ролатче.
Така припремени прво се валкаат во брашно, во јајце, во презла и се пржат на загреано масло.
Се редат на хартија.
Се сервираат заедно се некое друго предјадење, и се украсуваат со мајонез.