Мачмаловка со џем
Состојки
- 4 жолчки
- 200 гр шеќер
- 200 гр млеко
- 100 гр зејтин
- 200 гр брашно
- 1-2 лажици какао
- 1 пециво
- 1 ванила
- 3 лажици мармалад (по вкус)
- 100 гр чоколадо за готвење
- 4 белки
- 15 лажици шеќер
Подготовка
Во длабок сад со миксер ги матиме жолчките и потоа го додаваме шеќерот, млекото, зејтинот, брашното, какаото, пецивото и ванилата. Откако добро ќе го изматиме во намрсено тавче со број 30 ги ставаме изматените состојки и печеме во рерна 25 мин. на 180 степени.
Откако ќе се испече жешко тестото го мачкаме со мармалад.
Во сад ги матиме белките со шеќерот и ги истураме врз тестото со мармалад и сето тоа го ставаме во исклучена рерна 5 мин.
На страна го топиме чоколадото и го истураме врз шлагот. Тортата се сече ладна на коцки.
Ова е омилената торта на мојот сопруг. ДОБАР АПЕТИТ