Испечати

Бабина рум пита со урми

Бабина рум пита со урми

Состојки

  • 500гр брашно
  • 200гр свинска маст
  • 200гр шеќер
  • 3 лажици мед
  • 1 јајце
  • 1 пециво
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица рум
  • фил
  • 250гр урми
  • 250мл вода или млеко
  • 250гр крем+2лажици рум
  • 120гр маргарин
  • глазура
  • 150гр чоколада за готвење
  • 4 лажици зејтин
  • 1 лажица крем
  • 1 лажица рум

Подготовка

Рецептот е многу стар од тетратката на баба Милена која беше многу вешта и практична домакинка. Ако не сакате сало може да користите маргарин.
Се замесува тесто од брашното, салото, медот, пецивото, румот и јајцето и се меси додека стане мазно. Додека се загрее рерната тестото се одмара 10 минути во фрижидер, а потоа се дели на 2 дела и се сукаат 2 кори кои се печат на хартија околу 10 минути на 180 степени. Тестото брзо се пече и ако е помеко со самото ладење тоа се стврднува.

фил
Кремот се мати со маргаринот и румот.
Урмите се ставаат со водата да вријат 5 минути, а потоа се миксираат и се мешаат со кремот. Се добива прекрасен фил со кој се премачкува питата и одозгора се прелива со глазурата.
На оган се растопува чоколадата во зејтинот и се додава и кремот. Убаво се соединува и се прелива питата.