Пилешки увијачи со ајвар и ориз под фолија
Состојки
- За увијачите
- 2 парчиња пилешки стек
- 2 лажички ајвар
- по вкус сол
- малку масло
- За оризот
- 1 шоља ориз (200 мл)
- 1 мала главица кромид
- по вкус сол и бибер
- 300 мл врела вода
- малку масло
Подготовка
Прво подгответе го оризот.
Рерната загрејте ја на 220 степени.
Кромидот ситно исечкајте го и испржете го на малку масло. Додадете го оризот и пржете додека не се одвојат зрната. Посолете и побиберете, налијте ја ВРЕЛАТА вода и затворете го тавчето со фолија. Печете 20 минути на 200 степени, а потоа исклучете ја рерната и оставете го внатре уште 20 минути.
Пилешкиот стек исечете го на половина по дебелина за да се добие едно големо тенко парче месо. Ако има потреба истенчете го со чук. Посолете го и намачкајте го со ајвар. Свиткајте го како ролат и прицврстете го со чепкалки.
Готовите увијачи испржете ги во малку масло на средно јак оган.
Пријатен апетит!