Џигер со компир
Состојки
- 500 гр пилешки џигер
- 2 главици кромид
- 2 лажици доматно пире
- 700 гр излупен компир
- 2 јајца
- по вкус сол,бибер,зачин
Подготовка
Најпрвин излупенте компири ги ставаме да се варат.
Кромидот го сечкаме на коцки, го пржиме во масло ги додаваме и џигерот го пржиме и него потоа додаваме сол, бибер, зачин и доматното пире. Додаваме ептен малку вода, колку да почне да крчка па тргаме настрана.
Компирот го пасираме посолуваме ги додаваме јајцата и промешуваме .
Во намрсено тавче ги ставаме џигерите, а одозгор компирот.
Ставаме во загреена релна на 200 степени околу 10-15 минути.