Испечати

Шери срциња

Шери срциња

Состојки

  • 200гр црно чоколадо за готвење
  • 200гр бело чоколадо за готвење
  • 12 лаж масло за јадење
  • по потреба рум и вишни

Подготовка

Вишните се оставаат да постојат во рум околу 30 минути.
Црното чоколадо заедно со 6 лажици масло за јадење се топи на пареа. Истото се прави и со белото чоколадо.
Силиконските калапчиња се полнат до пола со бело чоколадо се оставаат во фрижидер малку да зацврснат. Потоа се става една вишна и се дополнува со црно чоколадо. Сите калапчиња се прават на ист начин. Потоа се оставаат во фрижидер убаво да зацврснат.
Се украсуваат по желба.