Брзи долготрајни интегрални грицки
Состојки
- 200 гр бело брашно
- 200 гр интегрално брашно
- 1 пециво
- 250 мл бело вино
- 125 мл масло
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче шеќер
- 150-200 гр семки од тиква. лен , сончоглед, афион, малку исецкани
Подготовка
Сите горе наведени состојки се соединуваат во една вангличка со рака убаво се изработуваат, се сучи кора, се вадат форми со модла, се печат 20 минути на 180 степени.
Суви вкусни грицки, кои може подолг период да стојат.